Search

Македонските надежи подобри пеналџии од Финска на „Анталија Куп 2023″

 Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја победи Финска со подоброто изведување на пенали, на Меѓународниот контролен турнир „Анталија Куп 2023″.

Во регуларните 90 минути натпреварот заврши 1:1.

Берат Калкан од пенал го постигна голот за македонската репрезентација, Финска изедначи преку Скита.

Во пенал серијата, избраниците на селекторот Драги Канатларовски – Цапар успеаја да обезбедат триумф.Сигурни од белата точка беа Малески, Крстевски, Николов, Фета и Фетаи. Голманот Марко Алчевски успеа да им одбрани два пенала на фудбалерите на Финска.

Треба да знаете
Последни објави