Search

Пендаровски: Им посакувам лесни Рамазански пости на сите верници од исламска вероисповед

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва, преку својот фејсбук профил, им посака лесни Рамазански пости на сите верници од исламска вероисповед.

Пендаровски објави и фотографии од семејството Мамути, кај кое бил на ифтарска вечера.

-Во најсветлиот месец во исламот, кој го слави духовното и телесното прочистување, на сите верници од исламска вероисповед им посакувам лесни Рамазански пости и деновите на постот да ги поминат во мир, благосостојба и простување. Им благодарам на семејството Мамути за топлиот прием и споделувањето на ифтарската вечера, напиша Пендаровски на својот фејсбук профил. 

Треба да знаете
Последни објави