Search

Дефектолог тепал девојче на кое ѝ држел часови

Родители од Скопје забележале повреди околу ушите кај нивната малолетна ќерка. Осомниечна е дефектолог која му држела приватни часови на девојчето и повикана на разговор од страна на полицијата.

„Н.П.(44) од Скопје пријавил дека на 18.03.2023 околу 16.30 часот неговата сопруга му кажала дека нивната малолетна ќерка имала повреди во пределот околу ушите, кои ѝ биле нанесени од 36 годишна жена – дефектолог од Скопје, која приватно ја ангажирале да држи часови на нивната ќерка“, соопшти МВР.

Со дефектологот бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од полицијата.

Треба да знаете
Последни објави