Уапсен Србин во Бугарија: Во полициска потера еден загинат, 16 повредени

Возило со мигранти од Авганистан, кое, според бугарските медиуми, го управувал државјанин на Србија, се превртело на автопатот кај Софија, при што загинал еден од мигрантите. Шеснаесет мигранти се здобиле со повреди и биле пренесени во локалните болници.

По пријавата, полицијата го бркала возилото со странски регистарски таблички за да го сопре. Во обид да избегне полициска проверка, возачот на возилото изгубил контрола и удрил во бетонска ограда.

Возачот, државјанин на Србија, е приведен.

Инцидентот се случил околу полноќ по локално време, јавуваат бугарските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави