Search

Севиља го отпушти тренерот Сампаоли

Раководството на шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља донесе одлука да му врачи отказ на тренерот Хорхе Сампаоли, јавија денеска шпанските медиуми.

Весникот „Марка“ наведува дека челниците на Севиља до крајот на денот официјално ќе објават раскин на соработката со аргентинскиот стратег.

Сампаоли седна на клупата на Севиља во октомври лани, а имаше договор до 30 јуни идната година.

Севиља по вчерашниот пораз од Хетафе во рамки на 26 коло во Ла Лига падна на 14 место на табелата со 28 бодови и ќе мора до крајот на сезоната да се бори за опстанок.

Севиља во четвртфиналерто во Лига Европа ќе игра против Манчестер јунајтед.

Треба да знаете
Последни објави