Search

Почина легендата на југословенскиот фудбал, Петар Надовеза-сплитскиот Пеле

Тажна вест ни доаѓа од Хрватска. Поранешниот фудбалер, тренер и функционер на сплитски Хајдук, Петар Надовеза почина утрово .

Надовеза, кој беше југословенски репрезентативец и двапати најдобар стрелец на лигата во тоа време, почина на 81-годишна возраст по тешко боледување, потврдија од хрватскиот клуб.

Сплитскиот Пеле, како што го нарекувале, во Хајдук дошол далечната 1963 година од Шибеник, каде што е роден. За 10 години во Пољуд ја освои титулата шампион на Југославија (1971) и два национални купа (1967, 1971), додека двапати беше прв стрелец на првенството на Југославија (1966 – 21 гол, 1971 – 20).

Играчката кариера ја заврши во белгиски Локерен, по што почна да се занимава со тренерска работа. Започна во Хајдук, најпрвин од помладите селекции, да го предводи првиот тим и да доведе до освојување на Купот на Југославија со победата над Црвена звезда во финалето (2:1, 0:0) и полуфиналето на Купот на УЕФА, а потоа Работел во Шибеник, Љубљанска Олимпија, репрезентацијата на Габон, Тунис, Јапонија…

Го освои и Купот на Хрватска со Хајдук (2000), како и со Олимпија во Словенија (1996).

За репрезентацијата на Југославија одигра само еден натпревар, против Албанија во Тирана во 1967 година.

Треба да знаете
Последни објави