Search

Ендемска појава? Граѓанка со пофални зборови за службеници во УЈП

Јавно објавено сведоштво на граѓанка за вработен службеник во Управата за јавни приходи стана вирална содржина на социјалните медиуми.

Ако досега бевме навикнати на социјалните мрежи и во јавноста да се споделуваат критики за работата на јавната администрација, скопјанката Гордица Величковска сподели пријатно искуство во канцелариите на УЈП.

„Застанав на шалтер број 9 и го раскажав воведот а службеникот од другата страна:

  • Повелете госпоѓо, затоа сме ние тука…
  • Молам?

Дали знаете дека Вие сте ендемска појава и ми треба време да се соземам, му велам јас, а сите праснаа да се смеат од редот на соседниот шалтер“ стои меѓу другото во нејзината објава, додека во коментари други граѓани го поздравуваат тој потег.

Во прилог статусот на Величковска:

Треба да знаете
Последни објави