Search

Девојче што остана без нога во рускиот напад, сега има нова протеза: „Повторно може да игра и да танцува“

Саша Паскаљ (6) која ја загуби ногата поради руски ракетен напад врз нејзината куќа во градот Затока, доби бионичка протеза со која може да води активен живот.

На 16 мај 2022 година, руски авиони истрелале ракети врз Одеса. Проектилот го уништил рекреативниот центар и околните куќи во градот Затока, вклучувајќи ја и куќата на семејството на Олександра Паскаљ, шестгодишното девојче кое било затрупано во урнатините.

Мајката Марија имала повеќе повреди и делумно го загубила слухот. Девојчето преживеало, но ја загубило ногата. Поминала повеќе од две недели на интензивна нега, имала отворена фрактура на раката, четири скршени ребра, повреда на главата и повеќе рани од шрапнели. За жал, и покрај напорите на лекарите, ногата морало да и биде ампутирана бидејќи повредите биле премногу тешки, пишува Censor.NET

„На левата нога и падна градежна плоча. Поради ова, лекарите долго време се обидувале, но не можеле да и ја спасат ногата. Малку по малку таа се подобрува, како што велат – времето лечи. Сега е многу вознемирена, плаче дека ја боли ногата. Се плаши од сирени, не спие добро, се буди и вели дека ногата многу ја боли. Сака тишина, мир и никој да не ја допира или вознемирува “, рекла мајката на девојчето.

Претходно, Олександра се занимавала со танцување и гимнастика, учествувала на натпревари и освојувала награди.

На крајот на јули 2022 година, Марија и Олександра Паскаљ биле на рехабилитација во Австрија. Таму, во октомври, Саша ја добила својата прва протеза и повторно почнала да учи да оди.

Треба да знаете
Последни објави