Search

Заеднички до подобар образовен систем-Средношколците ги повикаа студентите да им се приклучат на протестите

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците со покана до студентите да им се придружат на протестот во петок со цел заеднички да дојдат до подобрување на условите во образовниот систем.

„Имајќи ги предвид актуелните прашања околу средношколскиот и студентскиот стандард (државна матура, субвенциониран студентски оброк и слично), ги покануваме студентите да се придружат на протестот во петок од 12.30 часот пред МОН за заедно да издејствуваме подобрување во образовниот систем“, се додава во напишаното од организацијата на средношколците.

Овие неколку години, како учесници во образовниот систем, како што нагласуваат средношколците, се соочуваат со голем број предизвици за кои, како што потенцираат, вреди да се дискутира и да се лобира кај надлежните.

Треба да знаете
Последни објави