Search

Во Германија 400 полицајци и специјалци во рација против осомничени шверцери на луѓе

 Полицијата во Берлин и покраината Саксонија-Анхалт западно од главниот град денеска почна голема рација против група осомничени шверцери на луѓе.

Повеќе од 20 станови и канцеларии, главно во Берлин, се претресени утрината, изјави портпаролот на федералната полиција.

Уапсени се пет мажи, од кои четворица во Берлин и еден во градот Хале во покраината Саксонија-Анхалт.

Под истрага се вкупно 18 осомничени.

Бандата наводно шверцувала луѓе од Турција и Ирак во Германија.

Распоредени беа вкупно 400 полицајци од Федералната полиција и берлинската полиција, вклучително и специјалните сили, како што е ГСГ 9.

Треба да знаете
Последни објави