Search

Бразил го потресе аферата „дијаманти“: Жаир Болсонаро обвинет дека се обидел илегално да внесе накит во земјата

Аферата „дијаманти“ е веќе две недели на насловните страници во Бразил. Поранешниот претседател Жаир Болсонаро беше обвинет дека се обидел илегално да внесе сет накит во земјата, инаку подарок од саудиската влада, објави францускиот весник „Монд“.

Како што пишува медиумот, комплетот со скапоцени камења е сместен во кожна футрола обложена со темно кадифе. Внатре има пар обетки, прстен, часовник и ѓердан украсени со десетици привезоци обложени со дијаманти.

Комплетот бил креација на швајцарскиот златар Шопард и е проценет на речиси три милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави