Search

Помилувани повеќе од 20 илјади учесници на протестите во Иран

Шефот на иранското правосудство Голамхосеин Мохсени Еџеи денеска изјави дека се помилувани 22.000 лица, уапсени за време на неодамнешните антивладини протести во земјата.

Пред извесно време државните медиуми шпекулираа дека врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи ќе ги помилува учесниците во протестите пред почетокот на светиот муслимански месец Рамазан.

Катализатор за демонстрациите, кои започнаа во септември и ја зафатија целата земја, беше смртта на Махса Амини, 22-годишна жена која беше уапсена поради непочитување на исламскиот кодекс на облекување на жените.

Треба да знаете
Последни објави