Search

Матурантите на протест пред МОН побараа да им биде намален материјалот за државна матура

Дел од матурантите денеска излегоа на протест пред МОН со јасно барање – да им биде намален материјалот за полагањето на државната матура. Тие велат дека изгубиле премногу настава со појавата на корона вирусот, протестот на професорите, проблемите со ЈСП и дојавите за бомби во училиштата. Доколку МОН не одговори на нивните барања, тие ќе ја бојкотираат државната матура.

Сојузот на средношколци денеска достави предлог до Собранието за измени на законот со кои правото на бесплатен превоз ќе важи за сите, без разлика на растојанието од домот како и на типот на училиштето – државно или приватно. Дополнително, да се обезбеди и превоз за учениците кои посетуваат феријална пракса за време на распустите, а ќе се гарантираат и правата на учениците со попреченост.

Треба да знаете
Последни објави