Search

За гостите во мак-фудбалот само едно реми

Четири победи и само еден нерешен резултат е епилогот по одигрувањето на денешните натпревари од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Единствена екипа која не ги освои трите бода на свој терен е првопласираната Струга Трим Лум во пресметката со Македонија ЃП (0:0).

Резултати: Брегалница – Победа 4:0, Шкендија – Академија Пандев 2:1, Шкупи – Работнички 3:1,
Струга ТЛ – Македонија ЃП 0:0. Вчера, Силекс – Скопје 3:1.

Табела: Струга 43 бода, Шкупи 41, Шкендија 38, Силекс 35, Брегалница 32, Тиквеш 28, Македонија ЃП 26, Работнички 24, Академија Пандев 19, Скопје 14, Победа 13. 

Треба да знаете
Последни објави