Search

Меџити: Народот се обединува во Студеничани

Високи функционери на ДУИ во состав од потпретседателот Изет Меџити, организациониот секретар Блерим Беџети, градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу вечерва на покана на поранешниот пратеник од областа Др. Реџеп Мемеди заедно со своите соработници се сретна со жители на Студеничани.

Др. Мемеди и неговите истомисленици од вечерва се приклучија на каузата за промени, фер и чесна кауза, која од ден на ден добива се помоќна поддршка.

Потпретседателот на ДУИ и пратеник, Изет Меџити порача дека НАРОДОТ се обединува во Студеничани!

-И кога сме биле политички противници, сме го зачувале општеството, почитта, хуманоста. И кога бевме опоненти, никогаш не ги заборавивме граѓаните на Каршијака, ДУИ и оние кои не не поддржаа, рече Меџити пред присутните.

Меџити од Студеничани апелираше што повеќе чесни луѓе да се приклучат на каузата, за да бидат, како што рече, посилни.

Меџити му се заблагодари на Др. Реџеп Мемеди за овој собир кој беше сосема поинаков од планираното. Собирот планиран да биде мал, се претвори во масовна средба со населението на Каршиака.

Треба да знаете
Последни објави