Search

Цел Чаир, заедно со „Дижонска“, е со Али Ахмети, им порачаa Османи и Груби на „огнените“

„Едногласно, сите локални совети во рамки на чаирскиот огранок на ДУИ, вклучувајќи го и тој од населбата Дижон 1, со помасовно присуство од кога и да било, се построија кон Али Ахмети и „европскиот фронт“,“ изјавил синоќа пред симпатизерите во партискиот штаб Дижон 1 во Чаир Артан Груби, пренесе „Тетова сот“.

Заедно со новоназначениот „координатор за Чаир“, Бујар Османи, и со министерот Крешник Бектеши, Груби одржа партиска средба од која им порачаа на „огнените“ да ги „остават да си ја работат работата“ и дека им е „чест да ги не нарекуваат ахметисти“.

„Колку пообединети, толку сме посилни“, рекол Груби на собирот и додал дека е чест што и на „Дижонска“ и во цел Чаир тој, Османи и Бектеши се идентификуваат како луѓе на Ахмети.

„Волјата на Ахмети е изразена преку Бујар, кого го назначи за координатор во Чаир“, порачал Груби пред симпатизерите.

„Па дали има поголема чест од тоа“, рекол Османи пред присутните на собирот и оценил дека „идните генерации ќе го ценат тоа што биле луѓе на албанскиот лидер Ахмети и дека ќе биде ценето тоа што го направиле за албанскиот народ“.

Од „огнените“ реагираше организацискиот секретар на ДУИ, Блерим Беџети, кој вели дека не би бил изненаден ако секој огранок добие „координатор“, функција што досега не постоела во ДУИ

Треба да знаете
Последни објави