Search

Специја го шокираше Интер во меч со три пенали

Специја стигна до драматична 2:1 победа над Интер, оставајќи можност Наполи по крајот на 26. коло на Серија А да направат предност од 18 поени во трката за скудетото. Во интересен меч со три пенали, двата тима по еднаш беа прецизни од белата точка, но Интер скапо го чинеше утнатиот пенал на Лаутаро Мартинез.

Аргентинецот доби шанса да донесе водство уште во 13. минута по досудениот пенал, но Бартломиеј Драговски му ја фати топката. Специја дојде во водство во 55. минута по една брза акција, кога Даниел Малдини, синот на легендата на Милан, Паоло Малдини стрелаше за 1:0.

Во 83. минута, Интер доби шанса да израмни со нов пенал, и овојпат Ромелу Лукаку беше сигурен. Меѓутоа, во 87. минута, беше досуден пенал за Специја, кој М’Бала Нзола го искористи за голема победа за неговиот тим.

Со победата и трите поени, Специја останува на работ на зоната за испаѓање на 17-тото место, но сега со 24 поени, седум пред Верона.

Треба да знаете
Последни објави