(Видео) Мемфис ја продолжи гостинската агонија на шампионот Голден Стејт

Актуелниот кошаркарски НБА првак, Голден Стејт ја продолжи својата агонија сезонава во настапите на гостински терен со пораз од Мемфис (131:110). Голден Стејт остана со скор од седум гостински победи и 26 порази. Мемфис трет натпревар настапува без првата ѕвезда Џа Морант, кој е суспендиран, па Тајус Џонс беше предводникот кој заврши со 22 поени и 11 асистенции.

Кај Голден Стејт најефикасен беше Стеф Кари со 29 поени.

Мемфис е второпласиран во Западната конференција (39-26), зад водечкиот Денвер (46-20), додека составот на Кер е на седмата позиција (34-33).

Резултати: Детроит – Шарлот 103:113, Индијана – Хјустон 134:125 (115:115) по 1 продолжение, Орландо – Јута 124:131, Мемфис – Голден Стејт 131:110, Милвоки – Бруклин 118:113, Сакраменто – Њујорк 122:117.

Треба да знаете
Последни објави