Search

Лукашенко: Се обидуваат да нѐ вовлечат во војна

Киев се обидува да ја вовлече Белорусија во конфликтот во Украина по налог на Вашингтон, но тоа нема да успее, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Ако тие планираат да го направат тоа, а знам дека по наредба на Американците сакаат да не вовлечат во војната што веќе е во тек во Европа, грешат“, рече тој, пренесе белоруската агенција „Белта“.

Комитетот за државна безбедност (КГБ) на Белорусија денеска соопшти дека наводно агенти на полското разузнавање од редовите на „бегалците Белоруси“ биле вклучени во подготовката на саботажа против рускиот авион А-50 на аеродромот во Мачулишчи во близина на Минск.

– Резултатите од прелиминарната истрага доведоа до заклучок за вмешаност на полски разузнавачи во подготовка на терористички напад во Белорусија. Агентите на специјалната разузнавачка служба на Полска, кои потекнуваат од белоруски бегалци и го поддржуваат насилното уривање на Уставот на Белорусија, активно учествуваа во настаните што се случија во август 2020 година, рече Константин Бичек, заменик-шеф на истражниот оддел на КГБ.

На крајот на февруари беше објавено дека бил нападнат аеродромот Мачулишчи и дека далечинскиот радар за набљудување и контрола на извидувачкиот авион А-50 на руските воздушни сили претрпел значителна штета.

Подоцна белоруска телевизија објави снимка од тој авион, но во добра состојба. Снимките го покажуваа леталото и на писта и во лет.

Белорускиот лидер Александар Лукашенко претходно денеска потврди дека агент на украинската специјална служба и над 20 негови соучесници биле приведени во Белорусија поради нивна наводна вмешаност во обидот за саботажа на авионот А-50 на аеродромот Мачулишчи во близина на Минск.

Треба да знаете
Последни објави