Search

Во Kривичен суд денеска треба да започне судскиот процес против сопственикот на порталот „Доказ“

Според обвинението, обвинетиот се гони за повеќе кривични дела, а жртви на неговите објави на порталот биле свештеници, новинарки, една телевизија, како и истражители ангажирани во Обвинителството

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да започне судскиот процес против сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски.

Тој е обвинет за неколку кривични дела: две дела ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем и по едно уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.

Предметот во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје беше оформен по поднесени кривични пријави против Стаменковски од повеќе лица во текот на минатата и почетокот на оваа година, а жртви на неговите активности и објавени текстови биле свештеници, новинарки, истражители од МВР, како и една телевизија.

Стаменковски беше приведен на 9 февруари годинава и му беше одреден притвор, а во неговиот дом имаше претрес и беа одземени документација, мобилни телефони и други електронски уреди кои сè уште се вештачат, како и поголема сума пари. Надлежните се сомневаат дека може да се пронајдат докази и за други кривични дела, па не се исклучува можноста да има продолжение на овој случај.

Треба да знаете
Последни објави