Search

Меѓународен Форум за женско лидерство

Во организација на Универзитетот за Туризам и Менаџмент – Скопје денеска ќе се одржи Меѓународен Форум за женско лидерство, на кој истакнати дами од повеќе области ќе дебатираат на темата „Жените пишуваат историја”.

На Форумот најавено е учество на амбасадорките на Кралството Шведска и на Србија, Еми Ларсон Џеин и Невена Јовановиќ, на гувернерката на Народната Банка Анита Ангеловска Бежоска, на директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, на почесната конзулка на Канада во земјава Анета Пешева, жени истакнати во бизнис заедницата, дами кои го движат образованието, жени двигатели на медиумите и дами докажани во културата и уметноста.

Целта на овој Меѓународен форум, како што велат од УТМ, е да се отворат прашања за жените во општеството и какви вештини треба да поседува една жена лидер? Учесничките ќе зборуваат за своите професионални достигнувања и дали тоа што се дами е предност или мана во нивната професионална кариера.

Меѓународниот Форум за женско лидерство ќе го отвори ректорот на Универзитетот за Туризам и Менаџмент, проф.д-р Аце Миленковски. 

Треба да знаете
Последни објави