Search

Апокалиптични сцени од воздух: Украински град срамнет со земја

Руската армија објави фотографии од окупираниот украински град Маринка во областа Доњецк, кој беше целосно уништен за време на војната.

„ Кога ќе го слушнете зборот „апокалипса“, што ви паѓа на памет? Крај на светот, крај на животот, нешто страшно и неповратно, но тоа се случува сега – пишува покрај фотографиите објавени на Телеграм.

На овие фотографии бурно реагираа корисниците на социјалните мрежи и украинските власти. Андриј Јермак, шеф на Кабинетот на претседателот, истакна дека Маринка била жива и напредувала пред војната.

„ Ова е украинскиот град Маринка во областа Доњецк. Тоа беше тивок град… Се додека руските криминалци целосно не го уништија. Зголемете ја фотографијата за да видите како ништо не остана – напиша украинското МНР.

Артем Шус, началникот на полицијата во Маринка изјавил дека неговиот град е уништен, пренесува „Јутарњи лист“.

„ Маринка е целосно евакуирана, во градот нема никој освен војници. Таму нема начин да живее цивилно население. Руските сили намерно ги израмнуваат урнатините во градот за да ги уништат сите засолништа, без разлика дали се работи за цивилно засолниште или за воен објект. Тие уништуваат сè затоа што не можат да ги победат нашите трупи со нивната тактика. Затоа уништуваат се живо – изјави Шус за АП.

Треба да знаете
Последни објави