Search

Масовна тепачка по мечот Сегипе-Ботафого, судиите со полициска придружба го напуштија стадионот

Хаотични сцени го обележаа крајот од мечот во Купот на Бразил, во кој Ботафого го елиминираше Сегипе, со гол во деветтата минута од судиското надополнување на времето.

Натпреварот заврши со резултат 1:1, а славниот Ботафого го елиминираше членот на четвртата лига, багодарение на бизарното правило, според кое подобро рангираниот клуб оди понатаму во случај на нерешен резултат.

Токму тоа правило и надополнувањето од девет минути, предизвикаа хаос по завршувањето на натпреварот.

Претседателот на клубот Сегипеде, Ернан Сена, го нападна линискиот стручњак Браулио да Силва Мачадо, а потоа мораше да го напушти теренот со крвава глава, откако судијата се одбрани удирајќи го со знаменцето во главата.

Тоа беше само дел од инцидентите. Во вториот физички беше нападнат Луис Кастро, тренер на Ботафого. На крајот интервенираше полицијата и судиите безбедно го напуштија стадионот.

Треба да знаете
Последни објави