Search

Откриен скриен ходник во Големата пирамида во Гиза: Долг е девет метри и се наоѓа зад главниот влез

Египетските научници објавија дека е откриен скриен ходник долг девет метри зад главниот влез на Големата пирамида во Гиза и рекоа дека тоа може да доведе до дополнителни откритија.

Откритието е направено како дел од проект кој користи модерна технологија од 2015 година, вклучувајќи скенирање и ендоскопи за истражување во внатрешноста на пирамидите.

Незавршениот ходник веројатно е изграден за да ја намали тежината на пирамидата, главниот влез или некоја друга сè уште неоткриена соба или простор, изјави шефот на египетскиот Врховен совет за антиквитети, Мостафа Вазири, пренесе Ројтерс.

Големата пирамида била изградена како монументална гробница околу 2560 година п.н.е., за време на владеењето на фараонот Куфу, или Кеопс.

Се наоѓа на височина од 146 метри и беше највисоката градба изградена од човештвото до изградбата на Ајфеловата кула во Париз во 1889 година.

Треба да знаете
Последни објави