Маж починал пред банка во Аеродром

Претпладнево маж починал на тротоарот пред банкомат на филијала на банката „Силкроуд“ во скопски Аеродром, потврдија од МВР откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од покриено тело.

-На 02.03.2023 во 11.51 часот А.Т. пријавил дека на бул.Јане Сандански, на тротоарот има починато машко лице. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека се работи за починато лице Ф. Х. (66), информираат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави