„Ауди“ излета од патот кај Свети Наум во Охрид, две лица тешко повредени

Три лица, од кои две, потешко се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа по полноќ на патот кон Свети Наум во Охрид.

Возилото го управувал 18-годишник од овој град, а внатре имало уште двајца сопатници.

МВР соопшти дека возачот и уште едно лице добиле тешки повреди, а по несреќата, биле пренесени во специјалната болница „Св. Еразмо“.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила полициска екипа од Охрид.

Регионалниот пат Охрид – Свети Наум е црна точка поради тесните ленти, големите кривини и непрегледноста, па и во минатото тука повеќепати се случувале сообраќајни незгоди.

Треба да знаете
Последни објави