Search

Ѓоковиќ по пласманот во четвртфиналето во Дубаи: Не се плашам од новите генерации

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да игра во одличен ритам и запиша нов триумф во Дубаи, каде што избори четвртфинале. Србинот со 2:0 (6:2, 6:3) славеше над Талон Грикспор од Холандија, во моментов 39-ти на АТП листата.

Ѓоковиќ по победата против Талон Грикспор кажа дека е свесен за новата генерација талентирани тенисери, која се заканува дека ќе го симне од врвот, но не се плаши.

„Моето ниво денеска беше многу подобро од првиот натпревар во Дубаи, но секој ден е нов и дава нова шанса, а јас сум задоволен од мојата форма. Новата генерација доаѓа, но јас не се плашам. Одиме понатаму како и досега“, кажа Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави