Search

Невремето преврте камион во Хрватска

Ураган преврте камион кај Крижишќе во Хрватска, каде снегот и силниот ветер со денови го отежнуваат сообраќајот на патиштата во Лика и Горски Котар.

Поради ниските температури има голомразица на коловозите, особено на мостовите и надвозниците. Неповолните временски услови, во моментов ја оневозможуваат слободната рута за камиони со приколки и трактори со полуприколки од внатрешноста кон Далмација, Риека или Истра и обратно.

Лошото зимско време со ветрови и врнежи ќе продолжи и денес, па за подрачјето на Кварнер е издаден црвен, а за останатите делови од Хрватска портокалов метео аларм.

Треба да знаете
Последни објави