Search

Цветановска во трката крос-кантри на 10 км на СП во нордиски спортови заврши на 71. место

Македонската скијачка Ана Цветановска го освои 71. место од 81 натпреварувачка кои се појавија на стартот на денешната трка крос-кантри на 10 километри на Светското првенство во нордиски спортови кое се одржува на Планица, Словенија.

Цветановска патеката ја помина со време од 31:27,8 односно 7:47 минути послабо од победничката Џеси Дигинс од САД.

Американката до златниот медал стигна со време од 23:40,8 минути. Второто место и сребрениот медал е за Фрида Карлсон од Шведска со заостаток од 14 секунди зад Дигинс, а трета е уште една Швеѓанка – Ема Андерсон која имаше 19,5 секунди побавно време од победничката.

Утре на Мундијалот е машката трка на 15 километри индивидуално слободно (почеток 12:30 часот). 

Треба да знаете
Последни објави