Search

Оригиналниот Роналдо го состави идеалниот тим на сите времиња

Роналдо Назарио го состави најдобриот тим на сите времиња. Славниот Бразилец, за многумина најдобрата „деветка“ во историјата на фудбалот, го предводи нападот на Идеалниот тим на оригиналниот Роналдо, во кој доминираат бразилски фудбалери, би го неговиот сонародник Загало, пренесува Глобо.

Забележливо е дека во тимот на Роналдо нема дефанзивни играчи во редот за врска.

На голот е Италијанецот Џанлуиџи Буфон. Во одбраната се Бразилците Кафу и Роберто Карлос на бековските пизиции, а во централниот дел се Германецот Франц Бекенбауер и Италијанецот Паоло Малдини.

Во средниот ред Роналдо ги избра сонародникот Зико и Аргентинецот Диего Армандо Марадона, а во нападот Аргентинецот Лионел Меси и Бразилците Пеле, Роналдињо.

Треба да знаете
Последни објави