Срѓан Захариевски не е повеќе тренер на лидерот во македонскиот фудбалски шампионат Струга Трим Лум. Ова го објави струшкиот клуб, кој истакна дека ја прекинува соработката со Захариевски. Разделбата доаѓа сосема неочекувано и ненајавено.
Струга ТЛ и после ова коло остана лидер на табелата, благодарение на „киксот“ на Шкупи во Кратово, меѓутоа очигледно дека двете „ремија“ против Тиквеш и против Македонија ЃП беа клучни за разделба.
„Ја известуваме јавноста, навивачите и љубителите на фудбалот дека ја прекинавме соработката со Срѓан Захариевски. Тоа е одлуката на клупското раководство која му е соопштена и на тренерот кој ја прифати. Ти благодариме Захариевски“, стои во соопштението на Струга.
Захариевски беше на клупата на Струга ТЛ три сезони. Под негово водство стружани изборија историски пласман во Европа.