Search

Меси најдобар во изборот на ФИФА, Роналдо одбил да гласа

Капитенот на новиот светски фудбалски првак Аргентина, Лионел Меси синоќа по вторпат во кариерата беше прогласен за најдобар играч во изборот на Светската асоцијација (ФИФА). Оваа награда се доделува од 2016 година кога ФИФА се оддели од „Франс фудбал“ со кого ја доделуваа „златната топка“.

За Меси ова е втора ваква награда „Бест“ од ФИФА, а сосема очекувано ја добива после освојувањето на светската титула со Аргентина и втората награда во кариерата за МВП на еден Мундијал, после таа во 2014 година. Меси ги победи Килијан Мбапе, својот соиграч од ПСЖ и Карим Бензема, „златната топка“ за лани од Реал Мадрид во гласањето во кое учествуваа капитените и селекторите на националните репрезентации, новинарите и навивачите.

Оваа престижна индивидуална награда покрај Меси по двапати ја имаат освоено Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски, а еднаш Лука Модриќ.

По прогласувањето на најдобрите ФИФА објави како гласале своите членки.

Роналдо како капитен на Португалија имаше право да гласа но не го сторил тоа, препуштајќи му ја таа улога на дефанзивецот Пепе.

Кога е Пепе во прашање тој гласаше за Мбапе, Модриќ и Бензема.

Треба да знаете
Последни објави