Search

Магдевски: Имаме добри шанси да играме на Евробаскет

 Плејмејкерот на македонската кошаркарска репрезентација, Андреј Магдевски, по успешно поминатите претквалификации, се надева на добри игра во квалификациите и пласман на Евробаскет 2025.

– Се надевам дека ова е само почеток и дека ни следат повеќе успеси во иднина. На сите им посакувам успешен втор дел од сезоната. Можам да кажам дека бевме најдобри на најважниот натпревар во овој циклус. Во Осло покажавме карактер и заслужено победивме. Имавме повеќе енергија од противникот, не дозволивме нивниот главен креатор да ја разигра екипата и со една тимска игра во нападот стигнавме до посакуваните квалификации. Нема да застанеме овде. Она што е најважно е сите да останеме здрави, и на лето, во најдобар состав, да продолжиме да победуваме. Извесно е дека прво нè чекаат претквалфикации за Олимпијадата во Париз, што дефинитивно ќе биде ново искуство за сите нас во тимот, а потоа доаѓаат и европските квалификации. Имаме добри шанси за уште еднаш да играме на еден Евробаскет. Ни останува подготвени да го дочекаме следните предизвици“

Македонската репрезентација ќе игра во квалификациите за пласман на Европското првенство кое е на програмата во 2025 година, откако претквалификациите ги завршија со пет победи и само еден пораз за прво место во Д-групата. 

Треба да знаете
Последни објави