Search

Лажни се пријавите за бомби во 45 училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 23 средни и 22 основни училишта на подрачјето на Скопје, по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Треба да знаете
Последни објави