Search

(Видео) Тешка сообраќајка во Бутел-автомобил со голема брзина удрил во „клио“ кое стоело на семафор

Скопјанец е пренесен во Градската болница со повреди од тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Бутел, на семафорите кај џамијата.

Додека стоел на црвено светло во својот автомобил, зад него се појавило возило кое залетано со голема брзина го удрило и целосно го згмечило задниот дел, извртувајќи го за 360 степени.

Очевидци за „Макфакс“ раскажаа дека возачот кој ја предизвикал сообраќајната несреќа возел со неверојатна брзина.

Возачот не успевал да го совлада забрзаното возило по ударот. На крајот удрил во куп песок, дијагонално од местото на несреќата кое е целото покриено со стакла.

Треба да знаете
Последни објави