Search

Пекарниците ги разлутија граѓаните: „Земавте пари, цените не ги намаливте, сами ќе си месиме“

Откако денеска пекарите се заканија дека нема да произведуваат и доставуваат леб ако цената биде замрзната, го навлекоа и гневот на граѓаните.

На социјалните мрежи илјадници граѓани даваат поддршка на Владата да не се колеба и да ги замрзне цените на лебот, додека на пекарниците им порачуваат дека цените за еден леб се превисоки и не се намалиле иако Владата со месеци им обезбедуваше далеку певтина цена на струјата.

„Парите ги земаве, цените не ги намаливме“ „Сами ќе си месиме и ќе јадеме поздраво, лебот што го продавате е полн со адитиви“ се само дел од коментарите на револтираните граѓани.

Инаку оваа одлука на претставниците на мелничко-пекарската индустрија доаѓа откако Влада реши дека во вторник ќе донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на најмногу 33 денари, а причината за тоа ја аргументираа со фактот дека најголем дел од пекарниците кои добиваа субвенционирана цена на струјата, не го почитувале договорот за намалување на цената на лебот.

Треба да знаете
Последни објави