Search

Украински медиуми: Деца од Мариупол на концерт во Москва, се заблагодарија на руската армијата, иако мајката им е убиена од Русите

На пропаганден концерт одржан во Москва пред два дена, на кој зборуваше и рускиот претседател Владимир Путин, беа претставени и две украински деца чија мајка била убиена за време на бомбардирањето во Мариупол. Во таа прилика децата морале да ѝ се заблагодарат на руската армија, пренесува „Киев Индипендент“, повикувајќи се на независниот руски портал „Важни приказни“.

Како што се наведува, 15-годишната Ана Науменко, морала да му се заблагодари на рускиот војник Јуриј Гагарин бидејќи ги „спасил“ од Мариупол. На концертот Гагарин се претстави како „спасител“ на 367 деца од Мариупол, град кој речиси целосно беше уништен од руското бомбардирање. До Ана беше нејзината сестра.

Според независните руски медиуми, украинското семејство најпрво се сокрило во културниот центар во Мариупол, а потоа и во административната зграда. Нивната мајка Олга била убиена во април за време на руските бомбардирања. Роднина на сопругот на Олга, раскажал за „Важни приказни“ дека на Ана ѝ е доделен старател, додека нејзината сестра Каролина останала со татко ѝ, а нејзиниот брат Данило кај баба му.

Веб-страницата на украинската влада „Children of War„ проценува дека 16.000 украински деца биле киднапирани и однесени во Русија од почетокот на инвазијата на 24 февруари 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави