Search

Трагедија во Илинден: Девојче загинало откако малолетници опожариле цистерна

Несреќа се случила вечерва во населбата Илинден во Скопје. Малолетно девојче загинало во пожар на цистерна во складиште.

Според информациите од МВР, малолетни лица запалиле цистерна кај железничката станица. Децата, рекле дека на цистерната има малолетно женско лице и истото починало.

Случајот го пријавил скопјанецот С.К. Тој ги згрижил децата, за кои посочил дека го предизвикале пожарот.

„Во 21.05ч. во ПО-Петровец С. К. пријавил дека во населба Илинден кај железничката станица од страна на малолетни лица опожарена е цистерна. Двете малолетни деца се кај него дома и по обавениот разговор со децата посочено е дека на цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато. На лице место упатени полициски службеници за расчистување на случајот. Oва е првична информација спoред тоа како е пријавено. Повеќе детали ќе имаме подоцна.“ соопшти МВР.

На лице место упатени полициски службеници за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави