Search

Лукаку седи на клупата кај Интер затоа што има 103 килограми !

Поранешниот италијански фудбалски шампион Интер во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите ја искористи предноста на домашниот терен за минимална победа против португалскиот Порто (1:0). Предноста од еден гол за реваншот ја обезбеди „џокерот“ од клупата белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку кој ја затресе мрежата на противникот во 86. минута. Директорот на Интер, Бепе Марота зборуваше токму за одлука на тренерот Симоне Инѕаги на клупата да го чува Лукаку.

-Зошто Лукаку е на клупа? Затоа што има 103 килограми и не е подготвен да биде во првиот тим. Чекаме да се врати во форма. Од враќањето во Интер се мачи, но уверени сме дека ќе го покаже својот квалитет, посочи Марота.

Треба да знаете
Последни објави