Search

Лековите со оваа супстанца ги зголемуваат мозочните удари

Комитетот за проценка на ризикот за фармаковигиланција (PRAC) на Европската агенција за лекови (ЕМА) почна да ги оценува лековите кои содржат псеудоефедрин, по загриженоста за безбедноста во врска со ризикот од синдроми кои влијаат на крвните садови во мозокот.

Псеудоефедрин се администрира орално и се користи сам или во комбинација со други лекови за лекување на назална конгестија (затнат нос) предизвикана од настинки, грип или алергии.

Синдромите може да вклучуваат намалено снабдување со крв во мозокот (исхемија) и може да доведат до големи и опасни по живот компликации во одредени случаи. Вообичаени симптоми поврзани со овие синдроми вклучуваат главоболка, гадење и напади.

Добивајте вести на Viber

Оваа проценка следи по новите податоци од мал број случаи на синдормот на PRES и RCVS кај луѓе кои користат лекови кои содржат псеудоефедрин, кои се пријавени во базите на податоци за несакани реакции и медицинската литература.

Познато е дека лековите кои содржат псеудоефедрин носат ризик од кардиоваскуларни и цереброваскуларни исхемични настани (негативни ефекти кои вклучуваат исхемија во срцето и мозокот), вклучувајќи мозочен удар и срцев удар. Ограничувањата на примена и предупредувањата се веќе вклучени во информациите за лекот.

Земајќи ја предвид сериозноста на синдромот, PRAC ќе ги процени достапните докази за лекови кои содржат псеудоефедрин и ќе одлучи дали нивните овластувања за ставање во промет треба да се задржат, да се менуваат, суспендираат или да се повлечат во ЕУ.

Псевдоефедрин делува така што ги стимулира нервните завршетоци за ослободување на невротрансмитерот норадреналин, кој предизвикува контракција на крвните садови. Ова ја намалува количината на течност што излегува од крвните садови, што доведува до помалку отоци и помалку производство на слуз во носот.

Лековите што содржат псеудоефедрин се одобрени во различни земји на ЕУ како самостојни лекови или во комбинација со лекови за лекување на симптоми на настинка и грип, како што се главоболка, треска и болка или алергиски ринитис (воспаление на носните пасуси) кај луѓе со назална конгестија (затнат нос).

Треба да знаете
Последни објави