Search

Според руското разузнавање, досега НАТО на Украина и достави 440 тенкови

 Од декември 2021 година, земјите-членки на НАТО на Украина и испорачале 440 тенкови, 1.170 системи за противвоздушна одбрана, 1.510 пешадиски борбени возила и 655 артилериски системи, соопшти денеска руската служба за надворешно разузнавање (СВР).

Според соопштението, Киев добил 9.800 проектили за повеќецевни ракетни системи, 609.000 противтенковски куршуми и 1.206 милиони гранати од земјите на НАТО.

Поголемиот дел од воената опрема што западните земји и ја доставија на Украина беше уништена од руските војници, тврди СВР.

Треба да знаете
Последни објави