Почна НБА Ол-стар викендот: Триумф за тимот Гасол, МВП за Алварадо


Ол-стар викендот во Солт Лејк Сити официјално започна со натпреварите меѓу „ѕвездите во подем“,” играчите кои се во НБА лигата прва или втора сезона, како и оние кои играат во Г лигата!

На теренот имавше четири тима предводени од поранешни НБА играчи: Пау Гасол, Јоаким Ноа, Џејсон Тери и Дерон Вилијамс.

Тим Гасол во првото полуфинале го совлада Тим Дерон со резултат 40:25, а Хозе Алварадо од Њу Орлеанс доминираше со 13 поени.
Треј Марфи Трети беше најзабележителниот играч во поразениот тим, а особено ја воодушеви публиката со одлично забивање.


Во второто полуфинале, Тим Јоаким беше подобар од Тим Џејсон со 40:32, со одличното издание на Квентин Грајмс.

Финалето се играше до 25, каде споменатиот Хозе Алварадо погоди одлична тројка во дербито при резултат 22:20 за Тим Гасол. Така, воедно си ја обезбеди и титулата МВП.

Вреди да се напомене дека ноќта помеѓу сабота и недела ќе имаме натпревар „Skill challenge“, натпревар во брзо шутирање тројки, односно натпревар во забивање. Потоа, еден ден подоцна, го имаме централниот настан на кој Тим Леброн со Никола Јокиќ и Лука Дончиќ ќе игра против Тим Јанис.

Треба да знаете
Последни објави