Search

Реал ја скрши Осасуна во финишот од натпреварот

Фудбалерите на Реал Мадрид како гости ја победија Осасуна со 2:0, во натпреварот од 22. коло на шпанската Ла Лига. Актуелниот шампион на Шпанија, Реал Мадрид дури во финишот од мечот дојде до три бода, а стрелци на головите беа Федерико Валверде и Марко Асенсио.

Во 79. минута Валверде ја претвори во гол асистенцијата на Винисиус. Во судиското продолжение Асенсио го постави конечниот резултат.

Резултатот можеше да биде и поинаков доколку Осасуна ги реализираше своите шанси при резултат 0:0. Најсеризните ги пропуштија Будимир и Мои Гомез.

Реал е втор на табелата со 51 бод.

Треба да знаете
Последни објави