Search

Аспиликуета ноќта ќе ја мине во болница

Капитенот на англискиот фудбалски премиерлигаш Челзи, Цезар Аспиликуета ќе ја помине ноќта во болница откако доживеа удар во главата на натпреварот против Саутемптон. Тренерот на лондонскиот клуб Греам Потер изјави дека очекува шпанскиот фудбалер да остане во болница најмалку 24 часа.

Во 74. минута од натпреварот против Саутемптон (0:1), Аспиликуета доби силен удар во главата од Секу Мара. кој се обиде „ножички“ да испрати удар кон голот на Челзи.

Дефанзивниот 33. годишен фудбалер по ударот падна како покосен по што имаше десетминмутна интервенција на теренот, за потоа да биде изнесен на носилки.

„Среќа што е свесен. Во болница е. Разговараше со сопругата. Значи, го следиме и многу сме загрижени за него. Не беше убаво да се види”, додал Потер.

Аспиликуета е играч на Челзи од 2012 година и со клубот освои две титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите во 2021 година. Тој е капитен на Челзи од 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави