Вардарци за Недановски – да не беше ракометар, ќе беше земјоделец или политичар

Луѓето кои се задолжени за медиумската покриеност на СЕХА лигата објавија интересно видео во кое ракометарите покажуваа колку го познаваат својот тренер, а во денешната епизода се најдоа стратезите на Партизан и на нашиот Вардар.

Владо Недановски беше во улога на испрашувач, а одговараа Дејан Манасков, Филип Талески, Мартин Карапалевски и Мартин Томовски. Меѓу другото, предводникот на црвено-црните ги прашуваше своите пулени за тоа колку време има играно за овој клуб, колку титули има освоено и во кои натпреварувања, но најинтересни беа одговорите на прашањето што би бил ако не би работел како тренер.

Томовски, секако на шега, одговори дека Недановски би бил земјоделец, а Манасков се надоврза дека би продавал јаболки. Талески, пак, го гледа својот тренер како политичар.

Треба да знаете
Последни објави