Осуденик од Тетово починал во затворот Идризово

48-годишен маж починал во затворот Идризово, информира полицијата.

Имено, вчера во 09.54 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворот починал А.Г.(48), осуденик од Тетово.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Телото на починатиот по наредба на Јавен обвинител било дадено за обдукција, соопшти полицијата.

Треба да знаете
Последни објави