Search

Сити го совлада Арсенал и го симна од првото место

Битката за титулата во англиската фудбалска Премиер лига продолжув со поинаква динамика откако Манчестер сити успеа по 11-ти пат едноподруго во лигашки мечеви да го совлада Арсенал, овојпат со 1:3 на гости за да се врати на првото место на табелата (иако со натпревар повеќе).

Дуелот на првопласираниот и второпласираниот клуб во англиската елита беше означен како тест за тоа како ќе се движи борбата за титулата, и засега станува јасно дека не чека долг и неизвесен пат до мај.

„Граѓаните“ први дојдоа во водство во 24. минута, кога по грешката на Томијасу, Кевин де Брујне постигна прв гол, но првото полувреме помина во знакот на Арсенал, кои имаа повеќе од играта и шансите пред противничкиот гол за да израмнат во 42. минуа со голот на Букајо Сака од пенал по бруталната реакција на Едерсон во шестнаесетникот.

Меѓутоа, второто полувреме, целосно помина во знакот на тимот на Пеп Гвардиола. Откако го извади Ријад Марез од игра и на негово место го постави Мануел Аканџи, Сити почнаа да создаваат повеќе шанси, што резултираше во 72. минута со голот на Џек Грилиш по убавата акција. Точка на мечот и потврда на победата стави Ерлинг Халанд по убавата асистенција на Де Брујне во 82. минута од мечот.

Треба да знаете
Последни објави