Search

Ковачевски: Средствата од екстра профитот на компаниите ќе бидат наменети за антикризни мерки, ова е солидарен пристап

Еден од инпутите во производството е електричната енергија, а барањето на Стопанската комора беше државата да овозможи пониска цена на електричната енергија за да се намали цената на производите до 10% – не до нивото пред почетокот на енергетската криза, рече премиерот Димитар Ковачевски. Тој кажа дека еден од најголемите производители во месната индустрија ги намалил цените на производите од 7 до 12 проценти во зависност од производот.

-Електричната енергија не е единствениот инпут. Тука се и суровините, работната сила, транспортот… Европа и светот се соочуваат со високи инфлаторни движења. Војната во Украина предизвика зголемување на цената на гасот, енергенсите и основните суровини, тоа се житото, нерафинираното масло, маслото за одржување на машините, како и железото, што во голема мера доаѓаа од Донбас, рече премиерот.

Тој додаде дека врз основа на овие факти владините советници за економија решиле да има намалување на цените до 10%.

-Се гледа и во маркетите, дека цените на лебот, млекото и други производи се намалени, а што се однесува до компаниите, кои поради инфлаторните движења и фактот дека настанала промена на побарувачката, оствариле повисоки профити во однос на профитот од изминатите три години, тој екстра профит самите компании се согласија преку закон за солидарен придонес, да биде оданочена разликата во профитот со нови 20%. Тоа се околу 200 компании со 70 милиони евра. Финансиските средства ќе бидат ставени во програмата на Владата за антикризните мерки и нема да можат да бидат користени за други намени. Ова е солидарен пристап, кажа Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави