Search

Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес

Денеска, доцна попладне, на Единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена е пријава за четири лица, кои планинарејќи го згрешиле патот и залутале на стрмно место што претставувало опасност за понатамошно нивно движење. Меѓу лицата има едно малолетно (седумгодишно) дете. Локација на настанот е патот од с.Кожле кон Велес („месност „Манастирски Мост“). Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координираше за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС – Велес и Општина (ЕЛС) Велес. Тим од три члена од ДЗС известиле дека тргнуваат на лице место за да ги извлечат залутаните лица со детенцето од опасниот стрм предел меѓу с.Кожле и Велес.

Треба да знаете
Последни објави