Првиот човек на противпожарна единица Јусуф Бајрами потврди дека вчера ги добиле решенијата за вработување на неопределено време за командири, пожарникари и возачи, но нагласува дека сè уште не ја исполнуваат законски пропишаната бројка на вработени. Тој очекува во наредниов период да се отворат уште конкурси со оглед дека имаат надлежност и делуваат во три општини во полошкиот регион.
– Не само што се неопходни, туку и законот обврзува да има околу 80 пожарникари за подрачјето на кое делуваме. Засега сме половина од пропишаното и потребни ни сè уште пожарникари, изјави Јусуф Бајрами, раководител на ППЕ – Гостивар.
Тој дополни дека во единицата има сега има 58 пожарникари, од кои 14 се без решенија и се вработени по други основи.
Оваа единица, освен во општина Гостивар, интервенира и во соседните општини Врапчиште и во Маврово-Ростуша.